Ѓорѓиевски: Мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје

Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски.

Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник.

На прашањето дали ќе биде следниот кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски одговори:

„Тоа зависи од повеќе фактори. Мене приоритет во моментов ми е да ги дореализирам сите проекти кои што сум се обврзал пред моите сограѓани, да ги реализирам, а де факто најголем дел од проектите ми се реализирани, над 90% имам уште еден сет на проекти кои што не сум ги ветил, но жива материја произлегле и се реализирале. Логички е и нормално секој човек да има амбиција, особено во политиката, да сработи и остави резултати зад себе.

Доколку сметат граѓаните дека јас добро ја водам општината, секако ќе има анкети нашата политичка партија, доколку одлучат граѓаните за тоа, притоа и телата на нашата политичка партија, Централен комитет, Извршен комитет и секако претседателот на партијата, мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје. Не се плашам од работа и сметам дека можам да придонесам многу за градот Скопје.“

Во видеото во прилог погледнете го последното интервју на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, за Радио Слободна Европа: