Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментира нападите кон него од страна на градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, рече дека избегнува да ја коментира и дека таа е завршена приказна за скопјани.
„Избегнувам да ја коментирам Арсовска искрено, бидејќи сметам дека е завршена приказна за Скопје и скопјани. Го видовме нејзиниот потенцијал и она што го направи во Скопје. Јас повеќе сум фокусиран на барање решенија и алтернативи за година дена од сега и начини како би го решавале транспортот во градот, како би ја средувале хигиената, какви проекти му недостасуваат на Скопје и што ќе треба да преземеме во тој дел, така да повеќе сум фокусиран на тоа прашање на перспективите и иднината на главниот град, отколку на политиканството на Арсовска“, истакна Ѓорѓиевски.