Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски им додели награди на 33 просветни работници од основните училишта на општината.
„Во рамки на денешното одбележување, доделивме награди на 33 просветни работници од основните училишта на општината. Ова признание е доделено на одделенски наставници, предметни наставници и стручни соработници кои ги исполнуваа зададените критериуми на распишаниот конкурс и покажале особена посветеност во својата работа со учениците. Учителите имаат исклучително важна и благородна мисија – да го насочуваат и обликуваат развојот на децата во одговорни и успешни личности.
Нивната улога во образовниот процес е клучна, а денес со овие награди сакаме да им оддадеме признание за нивната посветеност и да ги мотивираме да продолжат со истата енергија и ентузијазам“, напиша Ѓорѓиевски.