Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информираше дека е отворен уште еден пункт заедно со со отец Оливер и Хуманитарна организација "Свети Спас" кој ќе биде сместен во црквата „Свети Георгиј” во Кисела Вода.
Како општина Кисела Вода, горди сме што имаме партнерство со оваа организација која активно работи на подобрување на животот на нашите сограѓани. Јас, пред сѐ како човек, речиси 10 години уште од самиот почеток сум дел од оваа хумана мисија која успешно, макотрпно и секојдневно се грижи да нема глад не само во Кисела Вода, туку и во Скопје и Македонија. Заедно со отец Оливер и хуманите волонтери поминавме долги години, многу патеки, на наша гордост донесовме насмевки таму каде што имаше тага, напиша Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека овој пункт ќе биде уште еден важен ресурс за сите оние кои имаат потреба од помош и поддршка.