
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, на еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи.
Во објава на Фејсбук, соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на локалните власти.
Покрај тоа, посетата на Израел градоначалникот ја искористи и да се поклони врз Божјиот гроб и да се помоли.
„Посета на Божјиот Гроб, во Ерусалим, Светата Земја. Миг во кој човек замолчува, а душата зборува. Највозвишено чувство кое не се опишува со зборови. Бог е љубов, напиша Ѓорѓиевски во објавата.
Во негова придружба беше и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.