
Првиот човек на метрополата, Орце Ѓорѓиевски, вчера славеше роденден. Наполни 39 години.
По повод роденденот, градоначалникот доби бројни честитки.
- Велат, дека човек е богат онолку колку што има искрени луѓе покрај себе. А јас, благодарение на сите вас, денес се чувствувам како најбогатиот човек на светот. Благодарам за секоја честитка, порака, повик и убав збор по повод мојот роденден, сподели Ѓорѓиевски на својот официјален фејсбук профил.
- Ми го разубавивте денот и уште еднаш ме потсетивте колку вредат вистинските пријателства, почитта и љубовта што ја споделуваме. Од животот посакувам само радости и здравје за сите. Сѐ друго ќе дојде во вистинското време, порача тој.
Ѓорѓиевски претходно беше градоначаник на Кисела Вода, а од последните локални избори во 2025 година е на чело на главниот град.