Ѓорѓиевски го посети Усје: Отворивме градинка, саниравме 15.000 м2 улици и нема да запреме

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера беше во посета на Усје.

Ѓорѓиевски посочи дека за првпат била отворена градинка во Усје и таа е целосно инклузивна која се протега на површина од 350 м2.

Општина Кисела Вода инвестираше и во патната инфраструктура.

- За само година и пол саниравме 15.000 м2 улици. Направивме и поврзување на Усје со Стаклара, го реконструиравме и игралиштето. Направивме многу, но тука нема да запреме, кажа Ѓорѓиевски.