
Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, ,,Лотосов цвет", денес повторно блеска, сподели синоќа во објава на Фејсбук, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Тој во објавата посочи дека по години на запуштеност и заборав, фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување.
„Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува генерации, каде се раѓале првите љубови и каде секој чекор носи своја приказна и секој агол чува дел од нечија младост“, вели градоначалникот, посакувајќи „Лотосов цвет“ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за нови спомени.