Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС, ги коментираше нападите од Град Скопје дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за хаосот со хигиената и со јавните претпријатија.
„Комуникацијата е двосмерна улица. Еве нека каже некој градоначалник кога добил повратен мејл од Град Скопје за било кое барање или проект. Најдобро е градоначалничката да се погледне во огледало, да си го стави прстот на чело. Таа треба да си ги признае грешките, и треба да прекине вината да ја бара во другите, туку да ја бара во себе си. Со паушални изјави, прес-конференции во стилот на Див запад, и постојано вперување на прстот во некој градоначалник или политичка партија не одиме никаде. На крајот Скопјани не ги интересира кој е и каде е, сакаат функционален град“, рече Ѓорѓиевски.