Ѓорѓиевски: Апелирам до моите колеги да се вразумат и малку посериозно да погледнат на нивната одлука

Претедателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција за медиумите апелираше до градоначалниците на Струмица, Костадин Костадинов и на општина Карпош, Стевче Јакимовски откако најавија да се излезат од ЗЕЛС истите да се вразумат и малку посериозно да погледнат на нивната одлука.

„Доста несериозно од страна на двајцата мои колеги градоначалници е тоа што одредени нивни погледи кон ЗЕЛС или кон централните институции ги соопштуваат едниот преку Фејсбук статус, а другиот закажувајчи прес конференција без претходно да бидам како претседател на ЗЕЛС информиран за било какви недоразбирања или проблеми“, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека досега не се информирани за било какви проблеми, а исто така не е стигнато ни барање за излегување од ЗЕЛС од страна на општините.