Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го постави Ѓорѓи Галетановски – Чомбе за нов директор на Зоолошката градина.

Од кабинетот на градоначалникот Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека е сменет досегашниот директор Јорданчо Милошевски и на негово место е поставен Галетановски.

Новиот директор Галетановски со години работеше како менаџер на скопски кафулиња и дискотеки, а од пред два месеци е вработен во Зоолошката.

Во Зоолошката градина летово треба да стигнат слонови. Од Зоолошката градина во Белгија во Скопје ќе дојдат две слоници, од расата индиски слон и се стари триесетина години.