Ѓорѓевски: Продолжува реконструкцијата на клучните сообраќајници во Ѓорче Петров

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат со засилено темпо на реконструкција на клучните сообраќајници во општина Ѓорче Петров, изјави Александар Ѓорѓевски, советник од СДСМ во совет на општината Ѓорче Петров.

Тој рече дека целосно е реконструиран коловозот и поставена е нова хоризонтална сообраќајна сигнализација.

„Реконструкцијата на оваа улица продолжува се до бензинската пумпа Макпетрол, односно до излезот на Скопје, во вкупна должина од 1.500 метри. Со ова западниот влез во Скопје ќе биде целосно реконструиран. Истовремено, забрзано се работи на реконструкција на улицата Борис Сарафов во вкупна должина од 1.700 метри“, додаде Ѓорѓевски.