Ѓоргиевски: Квалитетен и редовен јавен превоз за граѓаните од Кисела Вода

Проблемите кои ги имааат жителите на општина Кисела Вода поврзани со јавниот превоз, денес беа на маса на средбата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со директорот на ЈСП-Скопје, Иван Илиевски.

Соговорниците дискутираа за враќање на одредени автобуски линии, измена во трасата за други, зголемена фреквенција на автобусите и почитување на возниот ред, за сите поплаки и забелешки кои пристигнуваат на адреса на Општина Кисела Вода, а се во надлежност на ова јавно претпријатие.

-Со директорот на ЈСП Скопје, Илиевски, денес разговаравме за обезбедување на квалитетен и редовен јавен превоз кој ќе им овозможи на граѓаните што помалку да ги користат автомобилите. Сметам дека тоа е посебно важно деновиве, кога гледаме какви астрономски покачувања на горивото ни сервираат секојдневно и кога возењето на автомобил станува луксуз. Дополнително, му ги пренесов и наидов на позитивен одзив во врска со различните барања од нашите жители за конкретни автобуски линии и заеднички дискутиравме околу можноста за излегување во пресрет, било да се работи за смена на траса, за позачестен возен ред на одредена линија и слични забелешки. Сметам дека во многу скоро време, жителите на општина Кисела Вода ќе го почувствуват бенефитот од она кое денес го договаравме со директорот на ова јавно претпријатие-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски по средбата.