
Добро ни дојде Никола. Ѓорче вечерва аплаудираше стоечки! Со гордост го пречекавме младиот талент од нашата општина - Никола Станишиќ, победник на „Ѕвезде Гранда“ и новата музичка ѕвезда на Балканот и гордост на Македонија, сподели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку социјалните мрежи.
„Во Централниот парк, под отворено небо, со настап кој се памети, му оддадовме признание на Никола за неговиот огромен успех и за тоа што го прослави името на Ѓорче и на Македонија далеку надвор од нашите граници, истакна Стојкоски во објавата.
Тој додаде дека бил горд што Никола потекнува токму од тука и му посакува уште многу успеси и песни кои ќе нè прават среќни и обединети!