Ѓорческа стартуваше со победа на турнирот во Романија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, вториот турнир во Романија го стартуваше во одлично издание откако денеска со 2-1 (6-4, 4-6, 7-5) во сетови ја совлада домашната тенисерка Џорџија Андреја Крајчун.

Ѓорческа одигра меч кој траеше речиси три часа, Македонката го доби првиот сет со 6-4, а на ист таков начин возврати Романката за 1-1.

Во третиот решавачки сет Лина беше подобра со 7-5 и го продолжува настапот во следното коло.

Ѓорческа во осминафиналето ќе игра против италијанската тенисерка, Басилети.

Лина е четврта носителка на овој турнир.