Ѓорческа со најдобар ранг како 171 пласирана ќе игра на Ролан Гарос

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа како 171.пласирана на ВТА листата ќе ги стартува квалификациите на Ролан Гарос.

Таа на денеска објавената ранг листа се наоѓа на оваа позиција со скок од 9 места и вкупно 313 поени.

Во игра на двојки е на 128 место со скок од две позиции и 580 поени.

Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска во сингл е на 1244 место со 3 поени, а во двојки е 1178 место исто со 3 поени.