Ѓорческа лесно до 1/2 финале на фјучрсот во Рим

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето на ИТФ-фјучрсот во Рим, Италија, вреден 25.000 долари, откако во четвртфиналето ја совлада тенисерка Даниела Сегел со 2:0 по сетови 6:1 и 6:0.

Во полуфиналето на турнирот во Рим, Ѓорческа ќе се сретне со австриската тенисерка Јулија Грабер која се наоѓа на 348 – то место на ВТА ранг-листата.