Ѓорчепетровци се гушат во смет, надлежните спијат

За состојбата на јавната комунална хигиена во главниот град Скопјеинфо пишува речиси секојдневно, а ова е еден од проблемите на кој нашите сограѓани најчесто се жалат. Тие редовно забележуваат и реагираат дека расфрлано ѓубре и глетки кои не и доликуваат на една метропола не можат да се одбегнат на скопските улици.

На јавната хигиена се жалат и жителите на Ѓорче Петров кои велат дека состојбата на улицата Борис Сарафов е алармантна и дека надлежните не се доволно кативни додека граѓаните се гушат во смет. 

- Секој ден поминувам од тука, скоро секогаш е вака. Треба да постават повеќе контејнери. Бидејќи имам помали деца, приметувам вакви работи, нема место да се помине, цел тротоар е зафатен...коментира еден од жителите на социјалните мрежи.

- Се чистат ли воопшто контејнериве, прашува друга жителка.