Ѓорчепетровци протестираа против новиот ДУП: „Не“ за бетонизација на општината!

Група жители на Ѓорче Петров излегоа на протестна блокада кај кружниот тек во близина на црквата Св. Петар и Павле за гласно да кажат „не“ за новодонесениот ДУП, со кој се предвидува изградба на голем број станбени и деловни објекти, онаму каде останала празна површина за тоа. 

„Оваа е предупредувачки протест против урбаната мафија во Ѓорче Петров!“, напишаа од иницијативата против урбаното дивеење на Фејсбук.