Ѓорче Петров во хумана акција - новогодишни подароци за штитениците од ,,Порака-Неготино”

Еднаквоста не поврзува. Среќени сме што сеуште луѓето се радуваат на мали нешта. Како општина остануваме посветени на инклузијата, изјавија денеска од Ѓорче Петров. 

Вниманието денеска беше насочено кон штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”-Неготино. 43 лица кои живеат во општина Ѓорче Петров добија новогодишни и социјални пакети.

Во општината има 9 станбени единици во кои се сместени штитениците од Порака. Станува збор за лица од 18 до 66 годишна возраст. Само 10 проценти од нив имаат семејства, останатите се сами, семејствата се откажале од нив. За штитениците  се грижат 10 вработени, кои даваат се од себе овие луѓе да се вклопат во средината каде престојуваат. Државата месечно издвојува по 300 евра за лица.

Хуманоста треба да ја покажаме на дело, не само со подароци туку и со дејствување. Се трудиме да го подобриме животот на сите категории граѓани, додаваат од Општината.