
Во Ѓорче Петров, претстојниот викенд, поточно во недела, на 10 август ќе се одржи комеморативен настан по повод одбележување на 24 години од загинувањето на припадниците на резервниот армиски состав.
- Во чест на: Томислав Настески - Бумбар, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Ацо Ангеловски, Марјанчо Бошковски,Томе Димовски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски и Бранко Јанев. Во 08:00 часот – Оддавање почит пред спомен-плочата на Томислав Настески - Бумбар (у.з. Мирче Ацев), во 08:30 часот – Комеморативен собир и оддавање почит пред Споменикот на загинатите бранители во Волково, извести градоначалникот Александар Стојкоски.
Заедно да оддадеме почит кон нивното дело и жртва, додава тој.