Ѓорче Петров, Карпош и едно скоспко село - предлог локации за нов Центар за зависности

Објекти во Ѓорче Петров, Карпош и едно скоспко село, како што дознава Сител се трите можни локации кои ги разгледуваат здравствените власти.  И додека министерството за здравство размислува да го сели Центарот на периферијата од градот, од невладината ХОПС предлагаат здравствената установа да биде преселена во строгото централно подрачје по примерот на Љубљана.

-За мене најсоодветно место е овој референтен центар за зависности да биде во Центарот на градот и мислам дека ако биде во центарот ќе има големи придобивки, прво стигнувањето односно пристапот до него и не верувам дека глетката ќе биде иста како таа во Кисела Вода. Знам дека ќе има реакции и за тоа, но најпосле треба да оставиме секој да си ја работи својата работа, вели Христијан Јанкуловски, извршен директор на ХОПС

Јанкулоски вели дека ги разбира жителите од Кисела Вода кои реагираат за безбедноста на нивните деца, но според него дислокацијата на Центарот не е решение. Предлага целосна промена на третманот со преземањее на искуствата од западните земји и воведување на психосоцијална помош што овие лица сега не ја добиваат.

-Селењето на овие лица и на Солунска глава нема да го реши проблемот. Ние имаме 7000 семејства засегнати со овој проблеми затоа ние треба да им помогнеме а селењето нема да го реши тоа, мора промена на третманот, вели Јанкулоски.

За невладиниот сектор дополнителен проблем настана и кога претходниот министер за здравство Таравари лани летото ги префрли 160-те зависници од скопските клиники во Центарот, со образложение дека тоа било времено решение.

И додека здравствените власти бараат решение, жителите од Кисела Вода за утре повторно најавија масовен протест за како што стои во нивното известување, да покажат дека им е преку глава од манипулации дека проблемот ќе биде решен, без да им кажат кога.