Ѓорче Петров доби нов спортско-рекреативен комплекс на Шидска

Во општина Ѓорче Петров пуштен е во употреба новиот спортско-рекреативен комплекс на Шидска - место за спорт, дружба и детска насмевка! 

Комплексот содржи детско игралиште со антитрауматска подлога, фудбалски терен со вештачка трева и баскет терен со нова подлога, информираа надлежните. 

- Ова е дел од нашата визија - спорт во секоја населба, можност за секое дете и живот со квалитет за секој жител! Работиме, градиме, менуваме - Ѓорче чекори напред! - порача првиот човек на Ѓорче Александар Стојкоски.