Ѓорче Петров цела недела центар на културно - уметнички и спортски настани

Со серија настани општина Ѓорче Петров викендов стартува со одбележување на 20 септември-Ден на Општина Ѓорче Петров.

- Со задоволство најавувам дека нашата општина цела недела ќе биде центар на културно - уметнички и спортски настани, најави градоначалникот Александар Стојкоски. 

- Почнуваме во сабота во реонскот парк. Стартот е во 10 часот. Посетителите првпат ќе имаат можност во Ѓорче Петров да присуствуваат на Ден на органско производство. Попладнето во 17:30 стартува Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Златен вез“ на истата локација.

- Недела е резервирана за Детскиот фестивал „Соната“ во 12 часот во реонскиот парк.

- Во понеделник на 19 септември во 11 часот ќе спортуваме заедно со првачињата на стадионот „Македонски лавови“. Ова е одлична можност да ги насочиме нашите најмлади жители на спортски активности од најмлада возраст и да им го доближиме спортот како опција за здрав живот.

- 20 септември е Ден на Општина Ѓорче Петров. Ќе го одбележиме со целодневен свечен настан, но и со концерт кој ќе стартува во 18 часот. Програмата е наменета за сите возрасти. Настап на дечињата од градинката „Росица“, танцовото студио „Бранимир и Бранкица“ и КУД „Глигор Прличев“. Стојне Николова, Даниел Дан, Мијата и диџеј Горан, пак, се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат ѓорчепетровци во вторник во реонскиот парк.

- Манифетацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево“-ЕФЗ Седум осмини и Ансамбл Ѓорче Петров е предвидена да се одржи во сабота на 24 септември во 12 часот во паркот. На овој настан ќе му претходи крводарителска акција во Центарот за култура во 10 часот, а денот ќе биде затворен со кинолошката изложба на стадионот „Македонски лавови“ во 18 часот.

-Одбележувањето на општинскиот празник завршува со настанот „Сите во Кучково“ на 25 септември во 12 часот со старт кај крстот во Кучково. Со велосипеди и пеш ќе ги промовираме новите велосипедски и пешачки патеки кои веќе се пуштени во употреба, информираше Стојкоски. 

Ова е дел од годинешната програма на "Звуци на културата 2022", а пвиот човек на општината упати покана до сите за присуство.

0Деновите што доаѓаат се одлична можност за дружба и релаксација, порача тој.