Ѓорче и Аеродром без струја денеска, еве каде ќе нема вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците во Кисела Јабука ул. 44,46,54,62,64,66,68 во општина Ѓорче Петров;

– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, ул.Горно Лисиче (од Феромонт инженеринг кон Долно Лисиче) во општина Аеродром. 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, известува дека денеска (четврток):

- поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Благоја Стефковски 152 ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Благоја Стефковски и населбата Хиподром.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности (општина Гази Баба)

- поради уличен дефект ф-200 на бул. Илинден бб (во близина на маркет “ Рептил“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно потегот од Бледски Договор до Манапо и следниве улици: Драгиша Мишовиќ, Роберт Кох, Трифун Пановски, Радика, Огражден, Пелистерска, Струма и Карпошево Востание.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности (општина Карпош).