Гитарскиот виртуоз Al Di Meola за прв пат на оpen air концерт пред македонската публика

По неверојатно успешнo распродадениот концерт за кратко време во 2008 година одржан во Универзалната Сала, легендарниот гитарски виртуоз повторно ќе настапи пред македонската публика и фановите од целиот Балкан.

Концерт на најнаградуваниот гитарист на сите времиња, Al Di Meola, кој ќе се одржи на 13 август, под отворено небо, на најубавиот концертен простор во Македонија, Античкиот театар во Охрид

Неговиот настап е во рамките на промотивната турнеја за неговото последно албумско издание со наслов „Elysium“.Mузичарот што читателите на влијателниот магазин „Guitar player“ дури четири пати го прогласија за најдобар џез гитарист, на сцената ќе го придружуваат гитаристот Pеo Alfonsi и перкусионистот Peter Kaszas.

Пошироката светска јавност го запозна Al Di Meola вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Chick Korea, басистот Stanely Clark и тапанарот Lenny White. За тоа време, додека Al Di Meola е член во „Return to Forever“, составот објави три албуми. Но, кон крајот на 1970-те години, Al Di Meola одлучува да прави соло кариера и до денес има објавено 24 албуми, освоено многу значајни награди и продадени над 10 милиони копии од своите изданија.

Освен со Clark и Corea, Al Di Meola е познат и по соработката со колегите John McLaughlin и Paco de Lucia, кои во јавноста беа познати под името „гитарско супер трио“. Долгата листа на соработници на Al Di Meola вклучува имиња како Paul Simon, Phil Collins, Luciano Pavarotti, Carlos Santana, Jimmie Page, Frank Zappa и многу други.

Влезниците за концертот на Al Di Meola ќе бидат пуштени во продажба од утре, преку продажната мрежа на Купи карти за се и онлајн на www.kupikartizase.com, по цени од: 1000 денари (silver seats), 1500 денари (golden seats) и 2000 денари (VIP).