Гирото, кафето и пивото по цена од 4 евра, топка сладолед дури 2 евра - Какви се цените во Грција?

Стандардните летни задоволства, како сладолед, кафе, гиро, пиво...сезонава ќе ве чинат поскапо на грчките плажи.

Омилената летна дестинација на голем број Македонци ги крена цените и за сместување и за храна.

Во соседна Грција, ќе може да уживате на море, но задоволството ќе ве чини поскапо.

Апартманското сместување е поскапено за 10-30 евра за еднонеделен одмор, зависно од местото и условите.

Многумина кои веќе ја посетија Грција сезонава велат дека наместо 30 евра од апартман, како во времето пред ковид пандемијата, сезонава плаќаат по 50-60 евра за истиот апартман.

Специјалитето без кој не поминува летото во Грција - гирото сега се продава по цена од 4 евра, а исто толку чинат и кафето и пивото.

За топка сладолет туристите ќе мора да одвојат најмалку две евра. 

Она што радува е дека цените на храната во маркетите е горе- доле иста како кај нас. 

Грција е привлечна поради убавината и топлото море, но и поради близината, па така голем број Македонци велат дека ниту поскапите цени нема да ги спречат да уживаат. Овој став го делат и многу млади за кои Грција нуди многу места со одлична и незаборавна забава.