Gipsy Kings со концерт во Скопје

Авалон Продукција со задоволство ве информира како второ издание на АLL YOU NEED IS LOVE евентот, новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски атракции GIPSY KINGS. Актуелната формација на бендот, предводена од Paco & Mickael Baliardo доаѓаат во Скопје со Greatest hits сет, директно да влијаат на предновогодишната атмосфера во Скопје.

Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, GIPSY KINGS станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови.

Во текот на речиси три децениската кариера, GIPSY KINGS имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Manitas de Plata, чие вистинско име е Ricardo Baliardo, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња.

После шест номинации за Греми наградите, GIPSY KINGS во 2014 година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов „Savor flamenco“.

Влезниците се продават  преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон и онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/gipsy_kings_skopje2017
по цени од:

900 денари ПАРТЕР
1.500 денари ФАН ПИТ
1000 денари SILVER SEATS
1.500 денари GOLDEN SEATS
2.000 денари ВИП

GIPSY KINGS со предновогодишна журка во Скопје- 22 декември во ВИП Арена!