Гинеколозите апелираат за редовни прегледи – Голем број смртни случаи во Македонија поради рак на јајници

Ракот е една од најчестите причини за смрт во Македонија. Гинеколизте апелираат на редовни прегледи, кои ќе придонесат до навремено откривање на проблемот, кој ако е во почетна фаза може да се излечи.

Рак на јајници е една од најтешките типови на болест кој може да им се случи на женските репродуктивни органи. Овој тип на рак е наречен "тивок убиец" бидејќи не постоеле симптоми.

Сепак, алармантните знаци се болки во коските и долниот дел на стомакот, како и проблеми при уринирање и празнење на цревата.

Чести болки во грбот

Доколку не страдате од остеопороза или артритис, тогаш тие болки претставуваат сериозен проблем за вашиот организам. Веднаш посетете доктор, бидејќи тоа е еден од симптомите за заболување од рак на јајници.

Болки во стомакот и карлицата

Болката во стомакот и долниот дел на грбот може да биде последица од други болести или канцер на друг орган, но ако оваа комбинација на симптоми се појавува редовно и притоа прави отстапување од нормалниот функционален организам, треба да се обратите кај доктор.

Нередовни менструални циклуси

Жените кои се постари од 55 години имаат висок ризик од заболување на рак на јајници, меѓутоа тоа не мора секогаш да биде случај. Ракот може да се појави и кај млади девојки кои сè уште го немаат добиено првиот менструален циклус.

Умор и често исцрпување

Кога се чувствувате како да немате воздух, имате мачнина и губите апетит, екстремниот умор може да биде сериозен знак дека пациентката се наоѓа во некој стадиум од болеста

Болка за време на сексуален однос

Болката за време на секс може да биде уште еден силен показател дека сте во ран развој на рак на јајници. Тоа се однесува на болките на карлицата и потребата за често мокрење. Без разлика дали е повеќе или помалку болно, најдобро е што побрзо да се консултирате со гинеколог.