Ги здружуваме силите, ти и Халкбанк заедно за поздрава животна средина

Биди промената која сакаш да ја видиш. Ги здружуваме силите, ти и Халкбанк заедно за поздрава животна средина. Здружени и со спортски дух, возиме велосипеди и така придонесуваме нашиот град и твоето населено место да биде поубаво и поздраво место за живеење.Ти и твојот спортски дух се доволно силни за промени, а со поддршка на Халкбанк тие промени стануваат помасовни и добиваат традиционален карактер.

На 8 Септември во Маврово оваа година ќе се одржи второто издание на хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN. Настанот втора година по ред има многу важен општествен карактер, односно тој директно придонесува за поздрава, почиста и позелена средина за живеење и истиот уште еднаш ја потврдува стратешката определба на Халкбанк да дава придонес во подобра средина за сите нас. Оваа трка веќе прераснува во традиција и е во насока на остварување на тенденцијата на банката да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина.

На минатогодишната хронометар трка беа пријавени 300 учесници, а со собраните средства беа набавени и засадени 8000 дрва во околината на Свети Николе. И оваа година Халкбанк АД Скопје се надева дека сите оние кои ќе земат учество во настанот покрај спортскиот дух и можноста за победа и освојување на вредна награда, ќе бидат водени и од крајната цел – придонес во зголемување на зеленилото во земјата преку пошумување.

Трката оваа година ќе се вози патека во должина од 22 километри, во категории, ПРО и ХОБИ. За прв пат се воведува и категорија за деца од 6 до 12 години (ќе возат 12 километри, до Никифорово и назад), и категорија деца од 13 до 17 години кои ќе ја возат истата дожина како ПРО и ХОБИ од 22 километри. 

Пријавувањето се врши на следниот линк, а сите дополнителни информации се достапни на веб страната на HALK VELO GREEN.

Дрвата и зеленилото придонесуваат за намалување на бучавата, го намалуваат загадувањето и влијаат на квалитетот на воздух. Времето поминато во природа и покрај позитивно влијае на расположението и го намалува стресот. Твоето учество во трката не значи само јакнење на твојот спортски и натпреварувачки дух, туку така ти придонесуваш за поздрава животна средина. Ти и ХалкБанк со здружени сили за подобра животна средина за сите нас.

Погледнете го видеото од последното пошумување во околината на Куманово.