
Јавноста во шок по веста за покрената истрага во два дома за стари лица во Скопје каде се вршел нехуман третман врз штитениците.
Бурни реакции на згрозеност и итно барање за контрола во сите домови за стари лица низ земјава, бара јавноста, по деталите кои произлегоа од истрагата. На штитениците им давале храна со поминат рок, ги заклучувале во посебни простории, им давале лекови кои не биле препишани од лекар во овие два дома лоцирани во Центар и Бутел.
Јавноста со жестоки критики со оглед дека цените за месечен престој во приватните домови за згрижување на луѓе од трето доба не се воопшто евтини.
До нашата редакција пристигнаа неколку сведоштва за малтретирање на стари лица сместени во домови низ Скопје. На потег се надлежните да извршат конторли и да воспостават ред во овие објекти!
Скопјанка сведочи за сместувањето на својата болна мајка!
- Инвалидската количка што ни ги додели социјално ја земавме од Славеј, ја однесовме во домот и повеќе не ја видовме.Кога бурно реагирав неколку пати донесоа количка на која пишуваше друга фирма. Ги продаваат новите колички на фирма со која се врзани. Можам да пишувам до утре за хоророт низ кој поминавме за еден многу краток период. Јас сакав уште во март да ги пријавам ама кој мене ке ми верува. Што е потрагично таму ја однесовме по препорака како дом кој се грижи за своите штитеници.
Друго сведоштво за сместување на свекрвата!
Свекрва ми уште првиот ден остана без бурмата, а наредните те тренерки, те блузи, се беше измешано и туѓо. Ја шишале и веѓи и потстрижувале па плачеше. Којзнае се што прават, затоа и не дозволуваат да се влегува во просториите
Жена сведочи за сопствената мајка со деменција сместена во дом.
- Мајка ми со деменција, беше сместена во еден од тие домови и плаќавме по 500 евра месечно, но се сомневав во една од сестите дека лошо се однесува кон мајка ми, дури и пред нас покажуваше нетрпение. За да не и направат нешто, си молчевме. Рацете и беа модри од врзување, а тие ни велеа дека мора да се врзува оти има деменција. Ова се случуваше од 2016 до 2018 година во дом за стари лица во Скопје. Што можеме, немоќни да докажеме. Во тоа време многу домови не примаа стари со ваква болест.
„Како да оставаш вреќа компири на чување, а не мајка, татко, баба, дедо“! - сведочи друга жена.
- Во двата дома – и на „Козара“ и на ул. „Рудо“ во Бутел – директорката е иста личност. Кога разговаравме со неа за сместување на старо лице, инсистираше разговорот да биде надвор, без да ни дозволи да видиме како изгледа внатре. На прашањето зошто не може да се погледнат условите, нејзиниот одговор беше: „Што има да се проверува, кога цената е и така пониска од другите приватни домови.“ Искрено, таков однос остава впечаток како да оставаш вреќа компири на чување, а не човек што заслужува грижа и достоинство.
Има еден дом кој е посебна приказна – таму старите луѓе се многу изнемоштени, собите полни со бубашваби, а условите се за жалење. Исто така, домовите кои се под истрага имаат ужасни услови и пристапот кон старите лица е далеку од човечки. Навистина е тажно што вакви места воопшто постојат и што некој си дозволува да го нарече тоа „дом“ за стари лица.