Ги менува како од шала, Арсовска по петти пат смени директор на Комуналното претпријатије

Скопската градоначалничка се покажа како личност која смени рекорден број на директори во градските претпријатија. Овој пат направи повторна смена во скопското Комунално претпријатие, петта по ред. Досегашниот директор Јетон Незири го смени со Сабахудин Рустеми кој доаѓа на ова место како кадар на ДУИ.

Рустеми доаѓа од Сарај и е голем поддржувач на ДУИ, и тоа не го крие па затоа на социјалните мрежи се забележува многу објави кои му се со поддршка на Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори.

Според неофицијални информации, Рустеми е ангажиран во Комунална хигиена преку агенција пред неколку месеци.