Љубителите на филмот ќе имаат можност еднаш месечно, во текот на годината да гледаат германски филмови од различни жанрови, во Кинотеката на Македонија во рамки на соработката помеѓу гете-институт Скопје и Kинотеката.

„Целта на филмовите е да се прошират знаењата за германската култура, историја и разноликост, а преку тоа да се пренесе сеопфатна слика за културниот, општествениот и политичкиот живот во Германија“, вели Тања Кригер, директорка на Гете-институт Скопје.

Во првата половина од годината на програма се филмовите:

14.02. Државата против Фриц Бауер (Der Staat gegen Fritz Bauer)

26.02. Парис, Тексас (Paris, Texas)

14.03. Западен ветер (Westwind)

11.04. Душевна кујна (Soul kitchen)

16.05. На иста висина (Auf Augenhöhe)

13.06. Кој сум јас – ниеден систем не е сигурен (Who am I – Kein System ist sicher)

Сите филмови се прикажуваат во оригинал, на германски јазик, со македонски и албански превод.