Германската драма „Центарот на мојот свет“ во кината низ Македонија

Животот и созревањето на 17-годишниот Фил, кој е соочен со предизвикот да го открие центарот на неговиот свет, се дел од германско-австриската тинејџерска драма „Центарот на мојот свет“, која месецов се прикажува во кината низ Македонија.

Оваа фантастичната хомосексуална романса е адаптација на романот од германскиот автор Андреас Штајхефел. Филмот е продуциран во 2016 година и трае 15 минути.

“Центарот на мојот свет“ беше прикажан на повеќе од 30 фестивали во светот, а меѓудругото се закити со Баварската филмска награда за режија, ја зема наградата за најдобра филмска музика на Австриските филмски награди, а главните актери беа номинирани за наградата „Јупитер“.