Германската амбасада донираше 40 илјади евра за медицинска опрема

Германската амбасада оваа година го распредели целокупниот буџет од програмата „Мали проекти“ за помош на Клиниката за инфективни бoлести, клиниката Карил и Клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.

Како што соопштија од германската амбасада, амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, Влатко Ужевски, потпишале договор за донација во висина од 2.450.000 денари (40.000 евра) за набавка на медицинска опрема.