Германија подготвува нов закон за полесно вработување на странци

Земјите од Западна Европа се соочуваат со состојбата стареење на населението и намалување на квалификувани работници.

Германија за да го спаси системот е во процедура на носење на нов закон за вработување пред се странски државјани.

Законот треба да го олесни доаѓањето на странски работници во Германија, каде се потребни 440 илјади обучени работници секоја година, Дојче Веле. Бизнис заедницата со совети до владата да не поставува високи критериуми во законот во однос на познавањето на јазикот и квалификациите за законот да биде успешен. Со новиот закон освен оние со високо образование ќе може и со без високо образование да им биде дозволен престој од 6 месеци во Германија со цел да најдат работа. И агенциите во Македонија што посредуваат за работа велат дека строгите критериуми стануваат пофлексибилни во однос на заминување за работа.

Во условите за пријавување стои дека: е потребно минимално познавање на германскиот јазик и веќе важечки е и македонскиот пасош, освен пасошите на земјите челенки на Европската унија. Најмногу се бараат работници од услужниот сектор саатницата се движи од 8.5 евра бруто по изработен час,а вообичаено се работи помеѓу 35 и 40 часови во зависност до самиот договор што трае и 12 месеци. Дали со флексибилниот закон Македонија ќе остане и без добрите мајстори, водоводџии, молери. 

Пред само неколку дена и германскиот амбасадор во Македонија потврди дека од 80 до 100  граѓани во Македонија дневно се одлучуваат да бараат работна виза во Германија.

„Политичката ситуација игра многу значајна улога, зашто не станува збор само за економско прашање, за пари, туку на луѓето им се потребни и правната безбедност и стабилност за да можат да се вратат. Не сакаме да работиме само во насока сите оние кои знаат јазик да ја напуштат земјата, туку би сакале да има и такви кои ќе се вратат овде. Тоа е нашата заедничка цел“, рече амбасадорот Герберих.

Во Германија живеат околу 100 илјади Македонци.