Германија остана без работници во угостителскиот сектор: Нуди плати околу 2.000 евра

Многу хотели и ресторани во Германија се жалат дека немаат персонал откако се укинаа пандемиските мерки.  Според официјалните бројки, за 14% е помал бројот на луѓето работат во угостителскиот сектор отколку пред пандемијата.

Најмногу недостасуваат готвачи, сезонски работници од странство и студенти.

Голем број помошен персонал, особено студенти, нашле нови работни места за време на затворањето поради пандемијата.

“Оние кои некогаш работеа како келнери преминаа на пример, во логистичката индустрија, која цветаше за време на пандемијата“, вели директорката на здружението на германски хотелиери и угостители.

Таа додаде дека многу сезонски работници од странство кои работеле во германски ресторани и хотели заминале во Австрија и Швајцарија каде што угостителските објекти се отворија порано отколку во Германија.

“Индустријата и вработените имаат потреба од перспектива“, рече Хартгес, барајќи исто така даночни олеснувања за сопствениците на хотели и ресторани што ќе ги зголеми платите и ќе привлече доволно работници.

Квалификуван готвач во Баден-Виртемберг, една од најбогатите сојузни покраини, заработува просечно околу 2.200 евра бруто месечно, објави онлајн сервисот jobs-regional.de.