Германија најпосакувана дестинација на Македонците - од први јануари ќе ги отвори вратите за доселениците

Во Германија од 1 јануари на сила би требало да стапи сет измени на работното законодацство со кое оваа држава значајно ќе ги отвори вратите за доселеници.

Во овој момент, најсилната држава на Европа има недостиг од 1,2 милиони работници. Бизнис заедницата на Германија е незадоволна и ја смета за виновна бирократијата за загуби од дури 30 милијарди евра, бидејќи не се пополнети испразнетите работни места,

Канцеларката Меркел договороила со коалиционите партнер од 1 јануари да се поедностави процесот за вработување странци.

Предвидено е личноста да може на шест месеци да дојде во Германија и за својот трошок да бара работа.

Ако има договор со работодавец во Германија, ќе добива и работна но и виза за престој, но во германскиот конзулат на државата од која доаѓа.

Досега овој вид на аранжман беше можен само ако работодавецот докаже дека на германскиот пазар нема работници за работа за кои се ангажира странец. Сега таа одредба се брише, пишува Аваз.

Според истражувања на владин и невладин сектор, работници од екс ЈУ земјите посебно се барани. Ги почитуваат како вредни и одговорни.

Германската влада уште во 2015 година донела одредби со кои е либерализиран пазарот на труд, а на граѓаните од западноевропски држави им е дадена прилика да му пристапат.