Германија на колена, голема победа на нашите фудбалери!

Голема победа за македонската фудбалска репрезентација во Дуизбург. 1-2 против фаворитот Германија. Никој не се надеваше на ваков резултат но нашите со паметна, дефанзизнаигра ја носат најголемата победа.

Стрелци за нашите беа Пандев и Елмас но целиот тим играше посветено, дисциплинирано и покажа дека во оваа група се е можно.

Првото полувреме почна со неколку шанси на Германија, која ни ја затресе пречката, но не најде начин до мрежата на Столе Димитриевски, сепак казната стигна преку Горан Пандев, кој ни донесе водство од 1-0 пред самиот крај на првите 45 минути.

Во второто полувреме Германија израмни од пенал, по што на нашите репрезентативци не им беше досуден чист пенал, по играта со рака на Емре Чан.