Германец со „лсд“ дрога и кристална материја пробал да влезе низ Табановце

Германски државјанин со „ЛСД“ дрога и кристална материја пробал да влезе низ Табановце.

- На 09.02.2026 во 19:10 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиja од слобода М.Ј.Б.(35) од Германија. При извршен преглед на патничко возило „фолксваген транспортер“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени кристална материја и кеса со натпис „лсд“, информираа од МВР. 

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.