
Германски државјанин пријавил дека му бил одземен ранец со лаптоп, мобилен телефон и други предмети додека седел на клупите покрај реката Вардар во Скопје.
- На 23.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Н.Ј.Н.(32) од Германија пријави дека околу 16:00 часот на клупите покрај река Вардар во Скопје, едно лице му одзело ранец со лаптоп, мобилен телефон и други предмети, соопшти МВР.
Случајот е пријавен во полиција, а се преземаат мерки за утврдување на сите околности. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.