Герила акција за распределбата на проекти во културата: „Уа, шнајдери!“

Додека Министерството за култура ги проверува спорните проекти, незадоволството од распределбата на парите, се искажува и на креативен начин.

Во герила-акција во центарот на Скопје поставена е огромна ножица на почетокот на булеварот „Партизански одреди“, на која пишува „Уа, шнајдери“.

Под ножицата пишува: „двапати мери, еднаш сечи. Културата мора внимателно да се крои за да не биде после унакажана, монтирана, лепена и сечена. Културата не може и не смее да биде монета за поткусурување и пеглање на партиските интереси, политикантите и апетитите на поединците. Културата е жива материја и не смее да биде умртвувана заради повисоки интереси“.