Герила акција за Денот на борба против корупцијата

На Меѓународниот ден на борба против корупцијата во центарот на Скопје се појавија табли со кои активистите предупредуваат на корупцијата и како таа влијае на живеењето.

– Со оваа акција на сликовит начин се обидуваме на граѓаните да им објасниме колку многу наши пари (пари на граѓаните кои властите ги управуваат а не се нивни) се трошат за коруптивни зделки и се одлеваат во приватни џебови додека образованието, науката, културата, социјалата, здравството, екологијата страдаат – велат уличните активисти.

Од 44 држави во Европа, само две годинава се рангирани како покорумпирани од Македонија, која реномето за длабоко корумпирана земја го одржува со години.