Герила акција против лажните вести во „Парк на новинарите“

Во скопскиот „Парк на новинарите “ наспротив зградата на Нова Македонија утрово на дрво „никна“ герила акција против лажните вести.

На дел од натписите кои алудираат на дезинформациите кои се објавуваат на социјалните медиуми се посочува дека читателите мора да внимаваат на што ќе веруваат. Со пораки дека информирањето од непроверени извори е еднакво на пиење вода од непроверени чешми, се прави обид да се покрене свеста на читателите за проверка на информациите кои доаѓаат од социјалните медиуми.