Герила акција: Дуќанот на Груби се „продава“ за 700 евра по квадрат

Утрово на социјалните мрежи се појавија фотографии од герила акција при која биле залепени плакати на македонски и албански јазик на дуќанот на братот на политичарот Артан Груби на улица „Македонија“ во центарот на Скопје.

Во изминатиот период една од главните теми беше за тоа за колку пари братот на Артан го купил деловниот простор.

- Се продава за 700 евра од метар квадратен, пишува на плакатите.