
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска сподели дека ја исчистиле депонијата под Кале.
„Не дозволуваме центарци да се гушат во смет! Заедно со нашите тимови, со хигиеничарите, со сите вработени денеска спроведовме голема акција за чистење на оваа депонија кај полигонот под Кале“, истакна Герасимовски во својата објава на Фејсбук.
Тој посочи дека деноноќно се на терен, во сите населби.
„Изнајмивме и дополнителна механизација за целиот смет што се прелева на улиците и на одредени депонии биде отстрането од наша страна. Ја подигнуваме хигиената на што повисоко ниво“, нагласи Герасимовски.