
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ветува дека и во наредните години грижата за хигиената ќе ја стават на прво место.
Како што вели во неговата Фејсбук објава, со набавка на две современи цистерни и пет нови метларки, значително ќе го зголемат капацитетот за одржување на хигиената во Центар.
„Повеќе нема да зависиме од градот и јавното комунално претпријатие. Хигиеничарите се нашите најголеми херои кои деноноќно го чистат сметот од улиците кадешто надлежност има градот. Ги засукавме ракавите и самите исчистивме, вели Герасимовски.
Тој посочи дека со вакво, како што вели, одговорно работење ќе продолжат и во сите останати сектори.
„Градиме нова градинка, дом за стари лица, административна зграда и поставуваме монтажни гаражи со 900 нови паркинг места“, истакна Герасимовски.