Герасимовски: Утрово, го исчистивме сметот на улицата 50 Дивизија под Клиничкиот Центар и на Кале

Градоначалникот на општина центар, Горан Герасимовски информираше дека е исчистен сметот на улицата 50 Дивизија под Клиничкиот Центар и на Кале. Тој посочи дека градоначалничката Арсовска и Град Скопје го немаат собрано целото ѓубре од центарските улици.

„Утрово, го исчистивме сметот на улицата 50 Дивизија под Клиничкиот Центар и на Кале. И покрај реагирањето и четиридневното самостојно чистење на улиците од наша страна, сѐ уште Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска го немаат собрано целото ѓубре од центарските улици кадешто имаат надлежност.

120 хигиеничари секојдневно се на терен за чистење на општината. Ги повикуваме граѓаните телефонски да пријават смет и дива депонија со цел брза интервенција на службите. Центар не чека, Центар чисти“, напиша Герасимовски.