Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, работиме со полна пареа

Градоначалникот на општина Центар на социјалните мрежи информираше дека улицата „Дебарца“ ќе биде готова до крајот на месецот и се работи со полна пареа.

„Во моментов се гребе старата асфалтна подлога во должина од 240 метри, по што следува ново асфалтирање. Целосно го обновивме тротоарот – поставени се 900 м² нов бекатон и нови рабници за поголема безбедност и функционалност за пешаците. Реконструкцијата опфаќа коловозна површина од 1.700 м², на потегот од „Ленинова“ до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Инвестицијата од 40 милиони денари е обезбедена од претходната Влада и опфаќа реконструкција на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“, се вели во постот на Герасимовски.