Герасимовски: Преку инвестиции во спортот вложуваме во детска смеа, борбен дух и физички здрави генерации

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги потенцираше инвестициите во спортот, кои Општината ги направила во изминатата година. Тој потсети на неколку од нив

-Обезбедивме финансиска помош за најтрофејниот клуб, најголемиот бренд на Центар и еден од најпрепознатливите спортски колективи во Скопје, КК Работнички. Станува збор за 4 годишен договор преку кој српскиот телекомуникациски оператор М ТЕЛ станува генерален спонзор на КК Работнички. КК Работнички потпиша втор договор за спонзорство со компанијата „Видеолотарија Касинос Австрија" во времетраење од 1 година - информираше Герасимовски.

Го вративме спортот во основните училишта во Општина Центар. Нашите ученици и оваа година се натпреваруват во кошарка, ракомет, фудбал, шах и одбојка за девојчиња. За најдобрите има златен пехар, а за останатите пригодни награди и благодарници, истакна градоначалникот.

-Првите тројца шаховски победници на турнирот по повод денот на победата над фашизмот и денот на Европа станаа наши стипендисти. Учениците од основните училишта го реконструираа игралиштето во Паркот на Франкофонијата. Возевме точаци во Парк на Франкофонија со членовите од велосипедскиот клуб „Енерџи “. Организиран беше 38-от Маџир Маалски турнир во фудбал. Организирани беа спортски активности во рамки на манифестацијата „Три дена лето“. Организирани спортски активности во рамки на Детската недела, реконструирани детските игралишта во Капиштец, Славејко Арсов на Водно, кошаркарското и деткото игралиште „Славка Недиќ во Дебар Маало - потсети Герасимовски.

Тој заклучи дека преку инвестиции во спортот се вложува во како што рече, детска смеа, борбениот дух и физички здрави генерации.